Милан постигна тешка победа од 2-0 над Венеција на домашен терен во 2. коло од Серија А. „Росонерите“ ги освоија трите бода благодарение на голот на Гонзало Рамош во 69-тата минута и автоголот на Редуан Халјал во 89-тата минута.
Сепак, Рамош претходно ги скина нервите на навивачите на трибините откако направи еден куп промашувања, од кои некои беа доста неверојатни.
— AC Milan (@acmilan) August 28, 2026
Сепак, тој се одмазди на најдобар можен начин и успеа да постигне гол и да му го даде потребниот мир на својот тим, кој на крајот запиша победа.
Ова беше добра вест и за Рубен Аморим, кој го забележа својот прв успех на своето деби пред навивачите на Милан на „Сан Сиро“.


