🎬„Корупција!“; „Срам!“ – хаос во Шкотска поради пенал на Селтик

Менаџерот на Хартс, Дерек Мекинс, изјави дека неговиот тим е „против сите“ откако контроверзниот пенал во 99-тата минута му донесе победа на Селтик и ги остави во борбата за титулата во шкотската Премиер лига пред последното коло.

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Хартс, Дерек Мекинс, изјави дека неговиот тим е „против сите“ откако контроверзниот пенал во 99-тата минута му донесе победа на Селтик и ги остави во борбата за титулата во шкотската Премиер лига пред последното коло.

Во натпревар кој се движеше кон драматичен крај, Мадервел остана без бод длабоко во судиското продолжение по интервенцијата на ВАР и одлуката на судијата Џон Битон, кој покажа на белата точка по дуел во шеснаесетникот.

Судијата на ВАР, Ендру Далас, го повика главниот судија да го погледне видеото, по што беше досуден пенал, кој Келечи Ихеначо го реализираше за резултат 3-2 и голема прослава за гигантите од Глазгов.

Мекинс беше бесен на одлуката по натпреварот.

„Штом ќе слушнете дека е пенал за Селтик во 96-тата минута и дека ќе оди на ВАР, веќе знаете што ќе се случи. Тоа е срамота. Ние сме против сите“, рече Мекинес.

Ситуацијата е дополнително влошена од фактот дека бројни аналитичари и поранешни судии се поделени околу одлуката – додека некои тврдат дека станува збор за играње со рака, други веруваат дека нема докази за пенал.

Поранешниот напаѓач на Англија, Гари Линекер, оцени дека тоа била „една од најлошите ВАР одлуки што ги видел“, додека поранешните судии во Шкотска нагласија дека немало „јасен и очигледен“ фаул.

Од друга страна, менаџерот на Селтик, Мартин О’Нил, и некои експерти веруваат дека одлуката била правилна.

Поради оваа ситуација, трката за титулата сега оди во последното коло, каде што Харт оф Мидлотијан ќе мора да избегне пораз на гостински терен од Селтик за да ја освои историската титула.

Последниот пат кога титулата во шкотското првенство ја освои тим надвор од Глазгов беше во 1985 година, кога тоа го направи Абердин, предводен од Алекс Фергусон.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...