Манчестер Сити оствари убедлива победа од 4-1 над Кристал Палас на „Селхерст Парк“ во првиот натпревар од второто коло на Премиер лигата.
Откако загубија од Арсенал во Комјунити Шилд и се спасија од пораз против Борнмут минатиот викенд, „граѓаните“ вечерва играа многу поубедливо и остварија целосно заслужена победа.
Ерлинг Халанд ја отвори својата голгетерска сметка за сезоната со прекрасен удар со глава во 17-тата минута, а Рајан Черки (54′, 59′), кој беше најсилниот играч на Сити денес, постигна два голови.
FULL-TIME: Two goals each for Erling Haaland and Rayan Cherki as Man City win their first away game of the season 🔥 pic.twitter.com/I4g00ZAHXo
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 28, 2026
Џанлуиџи Донарума (56′) постигна несреќен автогол, но доста променетиот тим на Кристал Палас немаше сила навистина да ги предизвика „небесносините“.
Халанд го постигна својот втор гол во 84-тата минута за да ја запечати победата на Сити, но тоа беше втор последователен пораз на „орлите“ од почетокот на сезоната.


