Арсенал подготвува рекордна продажба: Бразилец ги напушта „топџиите“ и руши рекорд стар речиси деценија

Бразилскиот крилен напаѓач Габриел Мартинели е пред заминување од Арсенал на крајот од преодниот рок, според сите најдоверливи инсајдери.

Прегледи:

Датум:

Бразилскиот крилен напаѓач Габриел Мартинели е пред заминување од Арсенал на крајот од преодниот рок, според сите најдоверливи инсајдери.

Како што објави Дејвид Орнштајн, Мартинели е се поблиску до трансфер во саудискиот Ал-Хилал, од кого Арсенал бара 70 милиони евра отштета.

Затоа е сигурно дека со овој трансфер „топџиите“ ќе го срушат својот клупски рекорд за износот на наплатена отштета за фудбалер, нешто што се чека од 2017 година.

Имено, моменталниот рекорден излезен трансфер на Арсенал е оној на Алекс Окслејд-Чемберлен од 2017 година, кога се пресели во Ливерпул за 38 милиони евра.

Ова значи дека Мартинели ќе стане нов рекордер дури и ако Ал-Хилал успее значително да ја намали бараната цена за Бразилецот.

Фабрицио Романо утрово објави дека клубовите започнале директни преговори, додека Мартинели ја потврди својата желба да се пресели во Ал-Хилал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пет години саудиски Њукасл: 1,3 милијарди евра во потписи, милиони загуби и стадион продаден сам на себе

Поминаа пет години откако Саудијците го купија Њукасл. Во...

НАСКАР ќе состави 80 тркачки автомобили за продолжение на култен филм

Извршниот директор на НАСКАР, Стив О'Донел, откри големи планови...

Шефот на Рено: Губиме пари, но Алпин ќе остане во Формула 1

Извршниот директор на групацијата Рено, Франсоа Прово, потврди дека...

Мекларен подготвуваат нови подобрувања за оваа сезона

Во последните 4 трки, Мекларен освои најмалку поени меѓу...