Диоманде ги претпочита ПСЖ, Ливерпул сега се фокусира на Баркола

Крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, стана трансфер цел на многу од големите клубови во Европа, но од денес, најсериозен интерес за него покажуваат Пари Сен Жермен и Ливерпул

Прегледи:

Датум:

Крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, стана трансфер цел на многу од големите клубови во Европа, но од денес, најсериозен интерес за него покажуваат Пари Сен Жермен и Ливерпул. Според информациите, двата клуба веќе преговараат со претставниците на 19-годишниот играч, за кого Лајпциг сака 100 милиони евра. Самиот Диоманде, кој минатата сезона постигна 13 гола за „Црвените бикови“, се чини дека ги претпочита Парижаните, што е очигледно од неговата изјава во Франција.

„Париз Сен Жермен е тим што го сакам уште од дете. Мојот татко навива за Пари Сен Жермен и тоа е тим што го почитувам како фудбалски навивач. Би ми било задоволство да дојдам и да играм тука за еден од најголемите клубови. Секогаш ми било задоволство да играм во Франција. Бидејќи зборувам француски, мислам дека мојата адаптација нема да биде тешка. Зошто да не? Сепак, не размислувам да гледам напред или да се фокусирам на нешто друго. Фокусиран сум на Светското првенство. После тоа, клубовите ќе ги средат работите меѓу себе и ќе видиме што ќе се случи следно“, изјави Диоманде за „Л’Екип“ и „Телефут“.

Дури и ако репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска го избере ПСЖ пред Ливерпул, тоа би можело да биде корисно и за „црвените“, кои се заинтересирани и за Бредли Баркола. Според инсајдерот Николо Шира, разговорите веќе се започнати со Жорже Мендеш за францускиот крилен напаѓач.

Фабрицио Романо додава дека не само Ливерпул, туку и Арсенал се заинтересирани за него.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...