ФФМ: ГФК Тиквеш 1930 казнет со 5.000 евра поради националистички скандирања

ГФК Тиквеш 1930 е казнет со парична казна од 5.000 евра поради националистички скандирања и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот ГФК Тиквеш 1930 – ФК Шкендија Арачиново 77

Прегледи:

Датум:

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за дисциплинските прекршоци направени на натпреварите од домашните фудбалски натпреварувања.

ГФК Тиквеш 1930 е казнет со парична казна од 5.000 евра поради националистички скандирања и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот ГФК Тиквеш 1930 – ФК Шкендија Арачиново 77;

ФК Струга Трим Лум АД е казнет со парична казна од 2.000 евра поради слаба организација на натпреварот, односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа и несоодветно обележување на линиите на теренот за игра;

Фудбалерот на ФК Беласица, Димитриј Димитриевски, е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Фудбалерот на ФК АП Брера Струмица, Зоран Ивановски, исто така е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново поради слаба организација на натпреварот со ФК Аресими од 4. коло во Прва МФЛ, односно присуство на неслужбени лица во службени простории, обид за физички напад на судија и фрлање на предмети во теренот за игра;

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Норис преговара за плата од 60 милиони евра по сезона

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, преговара со...

📽️ Нотингем Форест претстави нов напаѓач – срушен клупскиот рекорд

Нотингем Форест го комплетираше привлекувањето на напаѓачот Лиам Делап...

„Тие се фаворити!“ Кејн изненади со својот одговор пред ждрепката за Лигата на шампионите

Продолжението на европските судири се ближи, а ѕвездата на...

Шампион на НБА како помош за Дончиќ: Лејкерси пронајдоа замена за Куминга

Лос Анџелес Лејкерс не успеаја да го привлечат Џонатан...