Конечна одлука на Атлетико Мадрид: Алварез не може да оди во Барселона

Со ова, мадридскиот клуб стави крај на разговорите за можен трансфер на аргентинскиот напаѓач на „Камп Ноу“.

Прегледи:

Датум:

Атлетико Мадрид официјално потврди дека Хулијан Алварез нема да биде продаден на Барселона. Со ова, мадридскиот клуб стави крај на разговорите за можен трансфер на аргентинскиот напаѓач на „Камп Ноу“.

„Членовите на Управниот одбор на Атлетико Мадрид едногласно ја изразија својата целосна поддршка за одлуката на клубот да не преговара со Барселона за трансферот на Хулијан Алварез. Атлетико Мадрид е отворен за преговори кои се дел од трансфер пазарот, но секогаш на етички и професионален начин и со почитување меѓу клубовите. Целосно ја поддржуваме позицијата претходно објавена од клубот дека Барселона не ги исполнила овие барања и дека затоа немало никакви преговори, ниту ќе има, за трансферот на Хулијан Алварез“, соопшти Атлетико.

Мадридскиот клуб верува дека аргентинскиот интернационалец ќе ја разбере одлуката и ќе продолжи да биде максимално посветен на тимот.

„Атлетико Мадрид е уверен дека нашиот играч ќе ја разбере одлуката и ќе се фокусира на работа на најдобар можен начин за да му помогне на клубот да ги постигне своите цели, како што правеше во текот на двете сезони во кои ги носеше нашите бои.“

Аргентинецот ги пропушти последните два тренинзи на тимот, наведувајќи „нелагодност“. Со оглед на тоа како изгледаше на претходниот натпревар на Атлетико, останува да видиме дали оваа одлука на „јорганџиите“ е правилна.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...