Ѓорѓиевски верува во Седлоски: Ќе најде начин како да се поставиме и да одиграме одличен натпревар против Шкотска

Фудбалската репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките во рамки на подготовките за последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките во рамки на подготовките за последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите.

Своите очекувања пред завршните предизвици ги сподели напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски кој се надева дека со деби настап и свој придонес ќе помогне репрезентацијата да се врати на посакуваното ниво.

„Се надевам дека доколку добијам шанса на натпреварите, ќе имам свој придонес и дека ќе почнеме да се движиме во нагорна линија, онака како што заслужува оваа репрезентација. Во секоја репрезентација и во секој клуб доаѓа до одреден период на криза, но мислам дека е време да излеземе од неа и се надевам дека се ќе биде како што треба“, истакна Ѓорѓиевски, цитиран од ФФМ.

Напаѓачот во националниот тим смета дека искуството и натпреварувачката форма на поискусните фудбалери можат да бидат значаен фактор во претстојните дуели. Верува дека Македонија има квалитет да му се спротивстави на силниот противник и да стигне до позитивен резултат во Глазгов.

„Поискусните фудбалери во репрезентацијата веќе се во натпреварувачка форма и мислам дека тоа ќе се покаже на натпреварите против Шкотска и Словенија. Верувам дека селекторот ќе најде начин како да се поставиме и да одиграме одличен натпревар, да и се спротивставиме на Шкотска и да оствариме позитивен резултат“, додаде Ѓорѓиевски.

Македонија во петок ќе гостува кај Шкотска во Глазгов, додека три дена подоцна, на домашен терен, ќе ја пречека Словенија во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија стартува во Букурешт: Петровски ги избра 12-те за дуелот со Романија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска го отвора новиот...

Македонија У17 ја совлада Унгарија и направи голем чекор кон ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години оствари значајна победа...

📷🎬 Ѓоковиќ влегува во луксузен бизнис

Новак Ѓоковиќ влегува во нов бизнис проект надвор од...

Турбулентно во Серија А: Шести клуб назначи нов тренер

Италијанецот Роберто Д'Аверса е новиот тренер на Сасуоло, објави...