И официјално: Анчелоти јуниор од Лил ја започнува европската кариера

Еден Анчелоти го напушти европскиот фудбал, неодамна стана селектор на Бразил, но сега доаѓа друг – Анчелоти јуниор

Прегледи:

Датум:

Синот на легендарниот тренер, Давиде Анчелоти, самостојно заплива во водите на европскиот професионален фудбал. Младиот стручњак, по искуство, денес стана главен тренер на Лил, кој ја објави веста на веб-страницата на клубот.

Давиде Анчелоти, кој има 36 години, потпиша двегодишен договор. Сепак, ова нема да биде негова прва самостојна работа, бидејќи претходно го водеше бразилскиот Ботафого. Но, ова е негов прв пат како главен тренер во Европа.

Лил одлучи на крајот од сезоната да се раздели со Бруно Џенезио, и се чекаше кого ќе изберат за негов наследник, а изборот падна на Анчелоти.

На веб-страницата на Лил, во веста за назначувањето на Давиде Анчелоти, меѓу другото е наведено:

„Опишан како неуморен работник и врвен професионалец, Давиде Анчелоти е олицетворение на нова генерација тренери со современ тактички пристап, кој е среќен да ја користи науката за оптимизирање на перформансите. Неговиот природен авторитет и вештини за спортски менаџмент, особено во психолошката област, го направија почитуван лидер познат по својата смиреност и човечност. Покрај тоа, неговото течно познавање на италијански, француски, шпански, португалски, германски и англиски јазик во голема мера ја олеснува комуникацијата во соблекувалната“.

Така, Давиде Анчелоти одлучи да се обиде да излезе од тренерската сенка на својот познат татко.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...