Тенисер казнет со 65.000 евра за коментари за судијата: „Ваков натпревар треба да го суди маж“

Организаторите на Ролан Гарос го казнија строго парагвајскиот тенисер Адолфо Даниел Ваљехо по коментарите што ги даде за судијката Ана Карваљо. Поради изјавите што беа протолкувани како сексистички во Франција, Ваљехо ќе мора да плати 65.000 евра

Прегледи:

Датум:

Организаторите на Ролан Гарос го казнија строго парагвајскиот тенисер Адолфо Даниел Ваљехо по коментарите што ги даде за судијката Ана Карваљо. Поради изјавите што беа протолкувани како сексистички во Франција, Ваљехо ќе мора да плати 65.000 евра.

Парагвајецот загуби во второто коло на Гренд слем турнирот во Париз по речиси пет часа игра од младиот Французин Куаме. Драматичниот натпревар отиде во петтиот сет, во кој Куаме победи во тај-брејк со 7:6, односно 10:8.

По исцрпувачкиот дуел, Ваљехо се осврна и на судењето на бразилската судијка Ана Карваљо, а неговите зборови предизвикаа бурни реакции од француската јавност и медиуми.

„Ваков натпревар треба да го суди маж“. Во такви околности, многу е тешко за жена бидејќи публиката премногу бара потребно е многу сила да се оди против нив и да се создадат услови за нормален тенис. Потешко е за жена отколку за маж“, рече 22-годишниот Парагвајец, кој моментално е на 71-то место во светот.

Неговата изјава веднаш беше дочекана со остри критики, а француските медиуми и дел од јавноста ја оценија како сексистички напад.

Организаторите на Ролан Гарос реагираа брзо и му изрекоа висока казна на Ваљехо. Износот од 65.000 евра, според директорката на турнирот Амели Моресмо, претставува приближно половина од наградниот фонд што парагвајскиот тенисер го заработи од својот настап во Париз.

„Изречена е казна од 65.000 евра, што е приближно половина од неговиот награден фонд. Не можеме да прифатиме такви изјави. Ниту ние како турнир, ниту федерацијата, а тие се неприфатливи на пошироко ниво“, рече Моресмо, поранешна успешна француска тенисерка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...