Интер работи на обнова на договорот на Хакан Чалханоглу. „Нероазурите“ и играчот сакаат да продолжат да работат заедно, но двете страни не се согласиле за платата на турскиот интернационалец. Сепак, клубот се надева дека ќе постигне договор пред крајот на годината. 32-годишниот Чалханоглу има договор до јуни 2027 година и заработува 6,5 милиони евра по сезона.
Пред неколку месеци не беше јасно каква ќе биде иднината на играчот. За време на предсезонските подготовки, тој рече дека е изненаден што разговорите за обнова на неговиот договор сè уште не се започнати. Според италијанските медиуми, Турчинот изрази и загриженост што повеќе не е водечка фигура во тимот.
Главното несогласување е поврзано со парите. Чалханоглу сака нов двегодишен договор и плата блиска до сегашната. Интер сака да го намали фиксниот дел од неговата плата и неговата плата да биде поврзана со неговите перформанси, односно настапите. Се очекува двете страни да постигнат компромис и да се договорат.


