Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 2-3 од Русија во контролниот натпревар одигран во Скопје. Ова беше прв натпревар за новиот селектор Александар Таневски, кој претходно ја предводеше селекцијата до 20 години.
Во 36. минута гостите добија пенал, а Окишор беше сигурен од белата точка за 0-1. До паузата резултатот не се промени.
Русија ја зголеми предноста во 57. минута, повторно по удар од пенал. Овојпат прецизен беше Бобер за 0-2.
Македонија продолжи да се бори и во 79. минута успеа да намали. Ташовски презеде одговорност и погоди од белата точка за 1-2.
Само две минути подоцна Русија повторно постигна гол. Ахмедов беше прецизен за 1-3 и повторно ја оддалечи Македонија од позитивен резултат.
Во финишот Македонија успеа уште еднаш да ја затресе мрежата. Ташовски повторно реализираше пенал во 90. минута и со својот втор гол ги постави конечните 2-3.


