„Каква срамота, каква мафија“ Винисиус не ги штедеше судиите по црвениот картон против Виљареал

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на контроверзиите по победата на Реал Мадрид од 1-0 над Виљареал.

Прегледи:

Датум:

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на контроверзиите по победата на Реал Мадрид од 1-0 над Виљареал.

Бразилскиот напаѓач го започна натпреварот од клупата, а подоцна постигна гол кој беше поништен поради влечење за коса на противникот. За овој потег, тој доби директен црвен картон и може да го пропушти претстојното „Ел Класико“ против Барселона.

По натпреварот, тој им се извини на соиграчите и навивачите на Реал во објава на социјалните мрежи, но не застана тука. Тој сподели објава на Инстаграм од профил што го поддржа, во која беа истакнати контроверзни ситуации со Винисиус од неколку натпревари.

Видеата беа придружени со пораката: „А Винисиус секогаш добива жолти и црвени картони, каква срамота, каква мафија!“ Бразилскиот фудбалер ја придружи објавата со три насмеани емотикони, што дополнително ја разгоре дискусијата за неговиот однос со судиите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Манчестер Јунајтед го смета преодниот рок за незадоволителен

Шефовите на Манчестер Јунајтед неофицијално заклучија дека последниот преоден...

Лејкерси не застануваат на пазарот и сакаат нови засилувања

Дури и по трите „трејда“ ова лето, Лос Анџелес...

Верстапен: Боксот на Формула 1 се претвори во зоолошка градина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, призна дека зголемените...