Кин повторно удри по Карик

Манчестер Јунајтед поминува низ нова резултатска криза, а нерешениот резултат со Астон Вила (4:4) дополнително го зголеми притисокот врз Мајкл Карик

Прегледи:

Датум:

Манчестер Јунајтед поминува низ нова резултатска криза, а нерешениот резултат со Астон Вила (4:4) дополнително го зголеми притисокот врз Мајкл Карик. Тимот е на 18-то место, во зоната за испаѓање, место каде што не се наоѓал од сезоната 1986/87.

Легендарниот Рој Кин повторно го критикуваше Карик, истакнувајќи дека неговиот оптимизам не одговара на ситуацијата во која се наоѓа клубот.

Поранешниот капитен на Јунајтед оцени дека тренерот зборува многу, но малку конкретно, споредувајќи го со политичар. Тој беше особено загрижен за отсуството на лидерство во соблекувалната.

Од друга страна, Гари Невил верува дека проблемот не е само кај тренерот. Тој потсети дека Јунајтед смени осум шефови на тренерскиот штаб во последните 12 години, но дека резултатите не се подобриле.

Според него, најголемиот проблем лежи во лошото управување на клубот и погрешната политика на доведување играчи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Незадоволство и свирежи: Алварез пропушти „златни шанси“ против Барселона, навивачите на Атлетико повторно лути

Судирот против Барселона пред сопствената публика беше совршен момент...

Петровски бара време за „новата Македонија“, позната и судиската тројка за Романија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија влегува во нов циклус...

Алисон призна дека сака да остане на „Енфилд“, преговора за нов договор со Ливерпул

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, призна дека неговиот агент...

Јунајтед има идеја како да му помогне на Карик ако одлучат да го задржат на работното место

Раководството на Манчестер Јунајтед сè уште размислува за иднината...