Проблеми за Олимпијакос: Капитенот на пауза

Олимпијакос забележа триумф во грчката лига против Маруси (83:81), но тренерот Јоргос Барцокас си замина од теренот со главоболка

Прегледи:

Датум:

Олимпијакос забележа триумф во грчката лига против Маруси (83:81), но тренерот Јоргос Барцокас си замина од теренот со главоболка.

Капитенот на тимот од Пиреја, Костас Папаниколау, го пропушти тој натпревар поради проблем со стомачниот мускул.

Медицинскиот тим на Олимпијакос го информираше Барцокас дека ова не е единствениот натпревар на кој искусниот кошаркар ќе мора да отсуствува. Имено, тој ќе биде надвор од теренот најмалку една недела.

„Лекарите ни кажаа дека воспалението на тетивата што го поврзува стомачниот мускул бара пауза, па сигурно нема да можеме да сметаме на Костас една недела“, рече Барцокас по победата над Маруси, по која Олимпијакос одржа 100% учинок во домашното првенство (6-0).

Ова значи дека капитенот сигурно ќе го пропушти натпреварот од Евролигата против Дубаи на 12 ноември, и најверојатно нема да игра на следниот натпревар во грчкото првенство против Арис, три дена подоцна.

Папаниколау играше во сите 10 натпревари од Евролигата оваа сезона, со просек од 3,5 поени и 2,2 скока по натпревар, за 16 минути по натпревар, а неговиот најдобар настап беше во победата против Валенсија во 5. коло кога запиша девет поени и седум скока.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Петровски бара време за „новата Македонија“, позната и судиската тројка за Романија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија влегува во нов циклус...

Алисон призна дека сака да остане на „Енфилд“, преговора за нов договор со Ливерпул

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, призна дека неговиот агент...

Јунајтед има идеја како да му помогне на Карик ако одлучат да го задржат на работното место

Раководството на Манчестер Јунајтед сè уште размислува за иднината...

Кин повторно удри по Карик

Манчестер Јунајтед поминува низ нова резултатска криза, а нерешениот...