Лигата на шампионите уште во март го доби својот прв учесник за следната сезона

Барселона веќе обезбеди место меѓу првите четири екипи на табелата, а воедно и место во Лигата на шампионите за следната сезона

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Барселона си ја завршија работата вчера во 29-то коло од шпанската Ла Лига, откако го победија Рајо Ваљекано на „Камп Ноу“ со минимален резултат од 1:0, и со тоа обезбедија место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Араухо во 24-тата минута кога со глава погоди од корнер за прослава на Барселона.

Домашните пропуштија голем број добри шанси и дури можеа да бидат казнети на крајот.

Барселона на тој начин ја одржа предноста од четири бода пред Реал Мадрид, но нешто друго им појде од рака попат.

Имено, Барселона веќе обезбеди место меѓу првите четири екипи на табелата, а воедно и место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Барселона на тој начин стана првиот тим што обезбеди место меѓу 36-те најдобри клубови во Европа за следната сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...