Циципас претрпе еден од најтешките порази во кариерата, виновно му беше осветлувањето

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас претрпе еден од најтешките порази во кариерата. На Мастерсот во Мајами, Французинот Артур Филс го декласираше Гркот за само 56 минути со резултат од 6:0; 6:1.

Прегледи:

Датум:

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас претрпе еден од најтешките порази во кариерата. На Мастерсот во Мајами, Французинот Артур Филс го декласираше Гркот за само 56 минути со резултат од 6:0; 6:1.

Циципас не можеше да ја скрие својата беспомошност. За време на натпреварот во Флорида, Гркот често се расправаше со судиите.

Фрустриран од својата беспомошност на теренот, Циципас го пронајде виновникот во условите за игра, поточно во осветлувањето. Во напад на лутина, му се обрати на судијата: „Треба да се срамиш од себе. Дали некогаш си ме видел да сервирам и да промашам форхенд пет пати по ред? Тоа не се случува. Не можам да ја видам топката. Не знам како тој ја гледа топката!“

На Артур Филс не му пречеше. Тој доминираше на теренот, го бараше буквално секој поен и изненадувачки лесно стигна до својот петти триумф во дуелите со Циципас.

„Мислам дека ова беше најдобриот натпревар што сум го одиграл во мојот живот. Играв одлични натпревари и претходно, но ова ниво беше лудо. Не знам што да кажам“, изјави Артур Филс по мечот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...