Манчестер Јунајтед помина евтино со Карик – еве колку оштета треба да платат

Манчестер Јунајтед го отпушти 45-годишниот тренер Мајкл Карик по разочарувачкиот почеток на сезоната. Одлуката доаѓа по долг период без победа во Премиер лигата, што го остави клубот во зоната за испаѓање

Прегледи:

Датум:

Манчестер Јунајтед го отпушти 45-годишниот тренер Мајкл Карик по разочарувачкиот почеток на сезоната. Одлуката доаѓа по долг период без победа во Премиер лигата, што го остави клубот во зоната за испаѓање. Веста за заминувањето на Карик ја потврди клубот. Маурисио Покетино (54), актуелниот селектор на американската репрезентација, се споменува како негов најверојатен наследник.

Керик ова лето потпиша двегодишен договор вреден околу пет милиони фунти (5,9 милиони евра) годишно. Сепак, Јунајтед вклучи посебна клаузула во договорот што му овозможува да го раскине со значително помала компензација, открија англиските новинари. Според оваа клаузула, клубот ќе треба да му ја исплати на Карик само преостанатата сума од неговата плата до крајот на првата сезона доколку биде отпуштен. Со седум месеци до крајот на сезоната, отпремнината би изнесувала околу 2,9 милиони фунти (3,4 милиони евра).

Манчестер Јунајтед исто така ќе мора да плати отштета за Покетино, кој неодамна го продолжи договорот со Фудбалската федерација на САД до крајот на Светското првенство во 2030 година. Неговата клаузула за отштета е десет милиони долари, или приближно девет милиони евра.

Ова значи дека Јунајтед ќе мора да плати вкупно околу 12,4 милиони евра за отпремнината на Карик и ослободувањето на Покетино од договорот, не сметајќи ја платата на аргентинскиот тренер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пораз за почеток, но и први знаци на карактер во кошаркарската репрезентација на Македонија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз го започна...

Драма во Франција, Зидан го губи трпението со Мбапе: „Нема да играте. Ви благодарам…“

Односот помеѓу францускиот селектор Зинедин Зидан и капитенот на...

ПСВ го сака Де Бруин во јануари: Белгиецот е на пат кон заминување од Наполи

ПСВ Ајндховен започна разговори со Кевин де Бруин за...

🎥 Ѕвезда на Реал Мадрид снимена како дели пари на деца

Новата млада ѕвезда на Реал Мадрид, Јан Диоманде, беше...