Моќниот напад на Реал ги покажа сите оружја – „хет-трик“ на Мбапе и совршеното враќање на Мурињо на „Бернабеу“

Кралскиот клуб го победи Реал Сосиедад во одложениот натпревар од првото коло на Ла Лига

Прегледи:

Датум:

По 13 години, Жозе Мурињо се врати на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ како тренер на Реал Мадрид, а неговиот тим ја покажа целата напаѓачка моќ што ја поседува.

Кралскиот клуб го победи Реал Сосиедад со 4-1 во одложениот натпревар од првото коло на Ла Лига, во кој доминираше моќното трио Белингам-Мбапе-Винисиус.

Пет минути пред крајот на регуларното време во првото полувреме, Килијан Мбапе го постигна својот прв гол оваа сезона со асистенција од Федерико Валверде и му донесе водство на својот тим.

Сепак, во 44-тата минута, Сосиедад успеа да возврати преку хрватскиот интернационалец Лука Сучиќ.

На крајот од час игра, Реал Мадрид го сврти натпреварот. Прекрасно двојно додавање одиграа Џуд Белингам и Мбапе, а Французинот ја врати предноста на Мадрид. Во 68-та минута, Винисиус Жуниор го зголеми водството на 3:1, а асистент повторно беше упорниот Белингам.

До крајот, Мбапе успеа да комплетира „хет-трик“, на асистенција на Винисиус.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов скандал ја тресе ФИФА: Откриени исплати од милиони долари кон Инфантино, вила во Мајами…

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се најде во центарот...

🎬 Неверојатни сцени пред хотелот на Каталонците: Турците им приредија бессона ноќ на ѕвездите на Барселона

Фудбалерите на Барселона вечерва играат против Галатасарај во Истанбул...

Јанакопулос не се откажува од Јокиќ

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно го привлече вниманието...

Евролигата покрена важно прашање во Израел

Извршниот директор на Евролигата, Чус Буено, и директорот за...