Алкалоид поразен во првиот меч од Регионалната лига

РК Алкалоид не успеа до бодови на премиерата на Регионалната лига против РК Партизан откако доживеа пораз од 31:39.

Прегледи:

Датум:

РК Алкалоид не успеа до бодови на премиерата на Регионалната лига против РК Партизан откако доживеа пораз од 31:39 (15:17).

Тимот на Кирил Лазаров се држеше до средината на второто полувреме кога дуелот беше изедначен, но потоа српскиот тим додаде гас и поведе прво со плус 4 (25:29) а нешто помалку од 10 минути до крајот разликата се искачи на 26:32. До крајот Партизан само ја зголеми предноста и се „реваншираше“ за првиот пораз во ова натпреварување од Еурофарм Пелистер.

Најдобар стрелец во екипата беше Никола Костески со шест гола, а по пет гола имаа Марко Стојковиќ и Нејц Цехте.

Следен меч за тимот е против РК Ловќен од Црна Гора (28 август, 19:00 часот, Автокоманда)

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА забрани два натпревари од Лигата на шампионите

Ново правило на УЕФА за Лигата на шампионите оваа...

На Синер му е забрането да тренира до понатамошно известување!

Јаник Синер ќе мора да биде без рекет некое...

Голем удар за сателитскиот тим на Априлија: Огура нема да вози на Арагон

Аи Огура претрпе неочекуван удар во борбата за првото...

Рахим Стерлинг се соочува со судење и затворска казна

Рахим Стерлинг е обвинет за опасно пребрзо возење откако...