Далас се ослободи од Харис, па од Дејвис – Вашингтон Визардс добија втора НБА ѕвезда во своите редови

Прегледи:

Датум:

Далас Маверикс постигнаа договор за размена на центарот Ентони Дејвис, 10-кратен Ол-стар играч, со Вашингтон Визардс во мега-договор кој вклучува осум играчи, објави ESPN.

Во замена за Дејвис, Маверикс ќе ги добијат Крис Мидлтон, трикратниот Ол-стар играч Еј-Џеј Џонсон, Малачи Бранхам и Марвин Бегли III, како и два пика од првата рунда и три од втората рунда на драфтот.

За возврат, Визардс ќе ги добијат Џејден Харди, некогашниот Ол-стар играч Д’Анџело Расел и Данте Ексум.

Тимот на Далас активно бараше решение за иднината на 32-годишниот Дејвис откако беше отпуштен поранешниот генерален менаџер Нико Харисон во ноември. Заминувањето на Харисон беше во голема мера мотивирано од силниот протест на навивачите по минатогодишната размена што го испрати Лука Дончиќ, постојан кандидат за МВП, во Лос Анџелес Лејкерс за пакет центриран околу Дејвис.

Ентони Дејвис моментално се опоравува од повреда на раката поради која не игра од почетокот на јануари. Во 20-те натпревари што ги одигра оваа сезона, центарот имаше просек од 20,1 поен и 11,1 скока.

Со ова аквизиција, „волшебниците“, кои се во процес на реструктуирање, обезбедуваат втора етаблирана ѕвезда, иако повредена, за сезоната. Минатиот месец, тимот од Вашингтон веќе го доби Траје Јанг од Атланта Хокс, бек кој не игра од декември поради повреди на коленото и квадрицепсите.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/НБА

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...