Мурињо го понижи Александар-Арнолд, Англичанецот донел драстична одлука?

Реал Мадрид убедливо славеше против Севиља (4:1) во 9. коло од Ла Лига, но главната приказна на „Сантијаго Бернабеу“ не беше уште една победа за „кралевите“, туку потег на Жозе Мурињо кој целосно го изнервира Трент Александар-Арнолд

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид убедливо славеше против Севиља (4:1) во 9. коло од Ла Лига, но главната приказна на „Сантијаго Бернабеу“ не беше уште една победа за „кралевите“, туку потег на Жозе Мурињо кој целосно го изнервира Трент Александар-Арнолд.

Реал стигна до нови три бода во дербито без поголеми проблеми. Херој на вечерта беше Килијан Мбапе со два гола, а Јан Диоманде и Арда Ѓулер исто така погодија за гостите. Мануел Буено постигна утешен гол за Андалузијците.

Сепак, и покрај убедливата победа, работите не се розови во таборот на мадридските гиганти. Шпанските медиуми истакнуваат дека потегот на Жозе Мурињо предизвика огромно незадоволство кај Трент Александар-Арнолд, кој го гледаше вториот натпревар по ред (по судирот со Рома) од клупата, без да добие ниту една минута.

Она што најмногу го погоди и го извади од такт 28-годишниот Англичанец беше фактот што португалскиот стручњак го користеше Федерико Валверде, играч од средниот ред, на позицијата десен бек. За да биде уште полошо за Александар-Арнолд, Мурињо го имаше на располагање и Дензел Дамфрис, но сепак постави играч од средниот ред на десната страна.

Александар-Арнолд пристигна во Мадрид пред една година како бомбастично засилување и се надеваше дека со доаѓањето на Мурињо конечно ќе го зацементира своето место во стартните 11. Сепак, се случи токму спротивното. Тој досега има само шест настапи оваа сезона и јасно е дека не сметал на таков третман.

Мадридски „АС“ тврди дека англискиот репрезентативец е се поблиску до точката на пресврт. Да ја грее клупата не му паѓа на памет, па затоа сериозно размислува да побара да го напушти Реал во јануари ако неговата ситуација драстично не се промени.

Има време да одлучи, со оглед на тоа што неговиот договор со „кралевите“ го обврзува до летото 2031 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Монфис се пензионирал предвреме поради шокот од разводот

Ако целиот свет беше шокиран од веста за разводот...

🎬 Хонда го објави името на тимскиот колега на Фабио Куартараро

МотоГП тимот на Хонда официјално објави дека Диого Мореира...

Перез за дебитантската сезона во Кадилак: Една од моите најсилни години

Ако требаше да судиме само според сувата статистика од...

Шокантен отказ во Милвоки!

Милвоки Бакс го отпуштија Кевин Портер Џуниор пред почетокот...