На најдобриот голман во Лигата на шампионите му е забранет настап на Светското првенство

Неверојатниот голман на Бодо/Глимт, Никита Хаикин (30), нема да може да брани на овогодинешното Светско првенство. Фантастичниот Русин имаше 68 одбрани во 12 натпревари за Бодо/Глимт оваа сезона и статистички беше најдобриот голман во Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

Неверојатниот голман на Бодо/Глимт, Никита Хаикин (30), нема да може да брани на овогодинешното Светско првенство. Фантастичниот Русин имаше 68 одбрани во 12 натпревари за Бодо/Глимт оваа сезона и статистички беше најдобриот голман во Лигата на шампионите.

Бидејќи неговата земја е надвор од фудбалската мапа поради агресијата против Украина, Хаикин сакаше да го промени државјанството во норвешко. Тој е во таа земја од 2023 година и е многу ценет од норвешкиот селектор Стале Солбакен, а постоеше и опција да игра за Норвешка.

Тој немаше да биде прв голман, туку втор, по голманот на Севиља, Орјан Ниланд, но ништо нема да произлезе од тоа. Имено, ФИФА му забрани на Хаикин да го менува фудбалското државјанство бидејќи играше за Русија во младинските категории.

Хаикин можеше да го промени државјанството доколку живееше и играше во Норвешка континуирано повеќе од пет години. Хаикин првпат дојде во Бодо во 2019 година, но неговиот проблем е што кратко беше во Бристол Сити во 2023 година, па затоа не беше континуирано во Норвешка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...