Карим Бензема денес направи потег што многу навивачи на Ал Итихад го сметаа за сериозно предавство. Французинот го напушти клубот и го облече дресот на Ал Хилал.
Според оваа верзија на приказната, сè започнало по понудата што Ал Итихад ја ставил на маса, која Бензема ја сметал за недоволно сериозна и под неговиот статус. Поради ова, тој наводно одбил да игра за клубот и почнал да инсистира на трансфер кај неговиот најголем ривал, што на крајот се остварило.
Во статијата се тврди и дека понудата на Ал Итихад била специфична: играње без фиксна плата, а задржување на 100 проценти од приходите од правата на неговиот лик и име (имиџ права).
По заминувањето, Бензема објави на социјалните мрежи:
„Ал Итихад,
Ова поглавје завршува, но почитта секогаш ќе остане.
Благодарам на клубот, тренерскиот штаб, моите соиграчи и особено навивачите за добредојдето, љубовта и енергијата што ми ја даваа ден по ден.
Ова патување ми донесе многу, лично и професионално. Си заминувам со крената глава, горд што ги носев боите на овој клуб и за сè што споделивме заедно.
Ви посакувам се најдобро во иднина.“
Сепак, некои од навивачите на Ал Итихад реагираа многу остро на оваа порака. Меѓу коментарите што се издвоија беа:
„Сега не го претставуваш клубот, предавнику. Направи работи што ги тераат играчите да те мразат и повеќе не си добредојден тука.“
„За каква почит зборуваш? Не покажа никакво почитување ниту кон играчите, ниту кон нас.“
„Кукавичлук. Не си лојален на навивачите на Ал Итихад, беше тука само за забава и на крајот го напушти клубот на грд начин.“
„Твоето заминување е голема победа за сите навивачи на Ал Итихад.“
Фото: Ал Хилал


