ПМФЛ: Три бода за Брегалница против Башкими, реми на Скопје и Тиквеш

Брегалница полесно од очекуваното стигна до трите бода во пресметката со Башкими, кој и по четири кола во елитата на домашниот фудбал сè уште не успева да постигне гол

Прегледи:

Датум:

Брегалница полесно од очекуваното стигна до трите бода во пресметката со Башкими, кој и по четири кола во елитата на домашниот фудбал сè уште не успева да постигне гол.

Во 22-та минута, Брегалница го отвори резултатот благодарение на силниот удар на Иван Глигоров, кој погоди одвнатре во шеснаесетникот по асистенцијата на Стојанов.

Во првата посериозна акција (во второто полувреме), Максимов проби по десната страна и асистираше во шеснаесетникот, каде Давид Калпачки ја испрати топката во незаштитениот агол за 2-0.

Веќе во следната акција, Брегалница стигна и до третиот гол. Иван Глигоров во шеснаесетникот успеа да го постигне својот втор гол на овој натпревар и трет за домашната екипа. Стојковски перфектно асистираше во зоната, а домашниот напаѓач немаше тешка задача да погоди од 5 метри.

Брегалница следната недела ќе гостува кај Струга Трим Лум, додека Башкими во Куманово ги бара првите бодови против Шкендија Арачиново.

Скопје и Тиквеш од Кавадарци одиграа 1:1 во натпреварот со кој беше отворено четвртото коло од домашното првенство.

Антонио Божиновски беше стрелец за Скопје, додека Нфанли Сила погоди од белата точка за Тиквеш.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МЗТ Скопје ја запиша втората победа во првенството

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром запиша втора победа во...

Тотенхем стигна до бод во дербито со Манчестер со гол во продолжението и играч помалку

Манчестер Јунајтед и Тотенхем одиграа 1-1 во натпревар од...

Барса даде „само“ три гола против Хетафе и израмни рекорд

Барселона ја забележа осмата победа од почетокот на Ла...

🎥Нема казна за Норис по судирот со Пјастри во спринтот

Светскиот шампион Ландо Норис се спаси од казна за...