Финале за Вардар на турнирот „Крсте Андоновски“

РК Вардар 1961 го совлада Тримо Требње со 28-26 и со максимални шест бода го освои првото место во групата на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид

Прегледи:

Датум:

РК Вардар 1961 го совлада Тримо Требње со 28-26 и со максимални шест бода го освои првото место во групата на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Иако не почна лесно, а ривалот имаше предност, Вардар покажа карактер, трпение и вистинска тимска реакција.

Васил Гогов со 14 одбрани беше одличен на голот, а во финишот тимот ја презеде контролата и стигна до победа што носи борба за трофеј.

Да Силва имаше шест погодоци, а еден помалку постигна Љевар.

За противник во битката за трофејот ќе го имаат подобриот од мечот помеѓу ГРК Охрид и Загреб.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МЗТ Скопје ја запиша втората победа во првенството

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром запиша втора победа во...

Тотенхем стигна до бод во дербито со Манчестер со гол во продолжението и играч помалку

Манчестер Јунајтед и Тотенхем одиграа 1-1 во натпревар од...

Барса даде „само“ три гола против Хетафе и израмни рекорд

Барселона ја забележа осмата победа од почетокот на Ла...

🎥Нема казна за Норис по судирот со Пјастри во спринтот

Светскиот шампион Ландо Норис се спаси од казна за...