Реал Мадрид со голем интерес ја следи ситуацијата околу веројатно најдобриот напаѓач во светот, Ерлинг Халанд, тврдат во Шпанија.
Порталот „Трибуна“ објави дека Реал Мадрид има одлични односи со семејството на Халанд и неговите агенти, и дека директната комуникација меѓу двете страни трае со години.
Како што е познато, првиот човек на Реал, Флорентино Перез, со години сака да создаде напаѓачка линија што ќе ја одбележи следната деценија.

Иако го доведоа Килијан Мбапе, Халанд во Мадрид се гледа како класична „деветка“ каква што тимот немал од заминувањето на Карим Бензема.
За потсетување, Манчестер Сити се соочува со правен и спортски притисок поради обвинувања за кршење на финансиските прописи на Премиер лигата, а Реал го гледа ова како своја можност.
Од друга страна, откако пристигна во Сити во 2022 година, Халанд сруши многу рекорди, постигнувајќи вкупно 193 гола во сите натпреварувања.


