Салиба играл на инјекции против болки на цело Светско првенство

Францускиот дефанзивец Вилијам Салиба, кој беше принуден да излезе од игра при поразот од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство (0:2), играл на Светското првенство со фрактура на грбот, објаи Радио Монте Карло

Прегледи:

Датум:

Францускиот дефанзивец Вилијам Салиба, кој беше принуден да излезе од игра при поразот од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство (0:2), играл на Светското првенство со фрактура на грбот, објаи Радио Монте Карло.

Ова не е нова повреда, а дефанзивецот на Арсенал ја доби во натпревар од Премиер лигата пред два месеци. Потоа беше донесена одлука да оди на Светското првенство, каде што играл на инјекции против болки и бил посебно згрижен од медицинскиот персонал на тимот.

Сепак, грбот на Салиба не можеше да го издржи тоа и тој беше заменет во 30-тата минута од натпреварот со Шпанија. Дефанзивецот не учествуваше на сите тренинзи на „петлите“.

Не е познато колку долго ќе отсуствува од терените, бидејќи во средата беше подложен на лекарски прегледи. Во наредните денови ќе се процени дали фудбалерот има потреба од операција или ќе биде третиран конзервативно.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...