Дресот со број 10 што го носеше фудбалската легенда Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари на аукција, соопшти аукциската куќа „Сотби“.
Пеле, кој почина во 2022 година, имал само 17 години кога го постигнал првиот гол за Бразил на Светското првенство во победата од 5-2 над домаќинот Шведска, со што му ја донесе на Бразил првата титула на Светското првенство.
Платените 4,9 милиони долари за дресот на Пеле го прават вториот најскап дрес некогаш продаден. Рекордот го држи дрес на Аргентина, со кој Диего Марадона постигна два гола против Англија – „Божјата рака“ и „Голот на векот’. Во 2022 година, за овој дрес беа платени 9,3 милиони долари.
До денес, најскапиот предмет на Пеле некогаш продаден беше неговата разгледница од истата година, 1958 година. Неговата вредност беше проценета на 976.000 долари.
Дресот на Пеле од финалето пред 68 години за кој станува збор, со децении бил во семејството на неговиот пријател и соиграч Дида, кој го добил како подарок по финалето. Во 1993 година, семејството на Дида го донирало дресот на бразилски музеј, а во 2004 година го купил колекционер за нешто повеќе од 100.000 долари.
Сега тој го препродал за речиси 50 пати повисока цена.


