Претседателот на Комисијата за судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, остро реагираше откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше бразилскиот судија Рафаел Клаус за исклучувањето на Фоларин Балогун на натпреварот против БиХ.
Да ве потсетиме дека Фоларин Балогун заработи директен црвен картон по невнимателен старт врз Тарик Мухаремовиќ, но во меѓувреме ФИФА ја суспендираше извршувањето на кззната и му дозволи да игра против Белгија. После тоа, американскиот претседател Доналд Трамп отиде чекор понатаму и јавно го доведе во прашање интегритетот на бразилскиот судија.
„Не беше фаул… Стануваше збор за двајца играчи кои трчаа со полна брзина и едноставно се судрија“, анализираше „експертот за сè“ Трамп и додаде: „Не можеш намерно да ставиш нога на туѓа нога… Тоа беа двајца врвни спортисти кои се заплеткаа.“
Но, Трамп не застана тука, го нападна бразилскиот судија.
„Тој судија е малку сомнителен. Ако ја погледнете неговата позадина… не сакам да создавам контроверзии, но тој е многу сомничав“, рече Доналд Трамп.

Претседателот на Комитетот за судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, конечно одговори на обвинувањата на Трамп, јавно бранејќи еден од најискусните судии на ФИФА.
„ФИФА го смета Рафаел Клаус за еден од најдобрите професионални судии во светот и почитуван член на елитната група судии на Светското првенство. Во текот на својата кариера, тој постојано ги демонстрираше највисоките стандарди на професионализам и интегритет“, рече Колина, додавајќи:
„Рафаел Клаус го суди своето второ Светско првенство, откако беше дел од турнирот во Катар во 2022 година. Тој е искусен и високо почитуван судија и имаме целосна доверба во него како судија на натпреварот.“
Колина, со тоа, јасно ги отфрли тврдењата на Трамп и рече дека ФИФА целосно му верува на бразилскиот судија, и покрај големиот притисок и контроверзии што ја одбележаа една од најголемите контроверзии на Светското првенство досега.
Иронично, одлуката да му се дозволи на Балогун да игра не им помогна на САД, кои загубија убедливо од Белгија со 4:1 во осминафиналето и се збогуваа со турнирот.


