Извршниот директор го гледа Џејмс во Лејкерси: Би му платил колку сака

Иднината на Леброн Џејмс со Лос Анџелес Лејкерс продолжува да биде една од главните теми во НБА, а новите коментари од луѓе блиски до американското првенство дополнително ги интригираат љубителите на кошарката.

Прегледи:

Датум:

Иднината на Леброн Џејмс со Лос Анџелес Лејкерс продолжува да биде една од главните теми во НБА, а новите коментари од луѓе блиски до американското првенство дополнително ги интригираат љубителите на кошарката.

Според Брајан Винхорст од ESPN, неименуван извршен директор од Источната конференција верува дека новата група сопственици на Лејкерси е многу мотивирана да го задржи Џејмс во Лос Анџелес и би била спремна да ги исполни сите финансиски барања, под услов да станува збор за краткорочен договор.

„Би му платил на Леброн колку сака, сè додека станува збор за едногодишен договор, без опција за играч. Би му дал клаузула без размена“, наводно му рекол извршниот директор на Виндхорст, пред да додаде:

„Сè што [новиот сопственик на Лејкерси, Марк Волтер] направи досега беше за водење добар бизнис. Леброн продава билети. Тој го прави [локалниот – н.з.] ТВ партнер среќен. Нов договор за Леброн е добар бизнис потег.“

И покрај тоа што наполни 41 година, Џејмс продолжува да покажува колку големо влијание има врз играта на својот тим. Тој им помогна на Лејкерси да ги елиминираат Хјустон Рокетс во првото коло, со просек од 23,2 поени, 8,3 асистенции и 7,2 скока во серијата од шест натпревари.

Севкупно во плејофот во 2026 година, Џејмс имаше просек од 23,2 поени, 7,3 асистенции и 6,7 скока за 38,6 минути по натпревар во текот на 10 настапи.

Лејкерси на крајот беа елиминирани во второто коло откако беа поразени со 4-0 од бранителот на титулата Оклахома Сити.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...