Јасикевичиус пред Ф4: Олимпијакос е фаворит

Останува уште една недела до почетокот на финалниот турнир на Евролигата во Атина. Познато е дека Олимпијакос, Валенсија и Реал Мадрид ќе се борат за трофејот на елитното натпреварување, додека Фенербахче ќе се обиде да го одбрани тронот.

Прегледи:

Датум:

Останува уште една недела до почетокот на финалниот турнир на Евролигата во Атина. Познато е дека Олимпијакос, Валенсија и Реал Мадрид ќе се борат за трофејот на елитното натпреварување, додека Фенербахче ќе се обиде да го одбрани тронот.

Може да се каже дека турскиот тим и тимот од Пиреја ќе играат еден вид финале пред финалето. Тренерот на актуелниот европски шампион Шарунас Јасикевичиус одржа прес-конференција на која зборуваше за претстојниот Фајнал Фор.

„Многу сме среќни што се вративме на Фајнал Фор. Не го потценуваме ова достигнување и работиме на тоа да го подготвиме тимот на најдобар можен начин. Ќе видиме дали можеме да одиме таму и да направиме добра работа“, започна литванскиот стручњак.

Јасикевичиус призна дека му требало време оваа сезона да се прилагоди на новиот тим.

„Секоја сезона мора да се пристапи кон секој натпревар на поинаков начин. Оваа година сме сосема нов тим. Низ целиот процес се обидувавме да го пронајдеме својот пат и постепено одевме кон него. Успеавме да се обединиме пред плејофот и успешно да ја поминеме оваа фаза. Ќе се соочиме со тим кој ја заврши лигата на водечката позиција и тие се големи фаворити. Сепак, ако излеземе со вистинскиот менталитет и физичка кондиција, тогаш можеме да победиме секого.“

Без оглед на фактот дека Фајналфорот се игра во ОАКА Арената, дом на Панатинаикос, јасно е дека Олимпијакос ќе има многу поголема поддршка од Фенербахче.

„Не мислам дека атмосферата е важна. Првото правило на Фајналфорот е да не бидеш под влијание на ништо. Мора да се обидеш да бидеш во најдобра форма“, рече Литванецот.

Ќе биде навистина спектакуларно да се гледа судирот меѓу Фенербахче и Олимпијакос во полуфиналето, но борбата меѓу Реал Мадрид и Валенсија нема да биде помалку интересна.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...