Кро Коп побарал 20 милиони и ја вклучил мајка си во приказната кога разбрал со кого треба да се бори

Мирко Филиповиќ е вистинска легенда кога станува збор за боречки вештини и ММА, а познат е по прекарот Кро Коп.

Прегледи:

Датум:

Мирко Филиповиќ е вистинска легенда кога станува збор за боречки вештини и ММА, а познат е по прекарот Кро Коп.

Филиповиќ последен пат се борел пред седум години и покрај фактот дека има 51 година, тој сè уште е на сериозен тренинг, а неодамна откри дека добил понуда да се бори со Франсис Нгану и дека бил воодушевен од тоа.

– Ми се јави добар пријател, сериозна личност од светот на ММА, раководител на голема ММА организација и ми рече: „Слушај, знам дека си на тренинг и дека се одржуваш во форма. Дали си подготвен да се бориш со Франсис Нгану?“ – рече Мирко Филиповиќ во интервју за „RMC“. Прашав: „Со кого?“. Тој го повтори Франсис Нгану. Го прашав: „Што мислиш? Дали го употреби зборот борба или зборуваш за карти, шах, пливање, трчање? Мислиш, борба, како вистинска борба“. Тој рече дека мислел на борба.

Филиповиќ бил изненаден и не можел да поверува во понудата што му ја дале.

– Го прашав дали мисли на боксерски меч. Рече дека мисли на ММА борба. Почнав да се смеам и го прашав дали е луд?, продолжи тој со приказната.

Одговорот на Филиповиќ бил повеќе од јасен за тоа што мисли за таква борба, па дури и успеал да ја вклучи и сопствената мајка во „играта“.

– Ми рече да му кажам сума. Реков дека ќе побарам 500.000 за борбата, а 19,5 милиони за да го платам изразот на лицето на мајка ми кога ќе чуе со кого се борам. Ќе земам 500.000 за себе, а 19,5 милиони ќе одат кај мајка ми. Прво, борбата е во мај. Требаше да ме повикаат најмалку три месеци однапред. Но, кој би платил 20 милиони? Кој би ги потрошил парите ако ме убие? – праша Мирко Филиповиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...