ПОТРЕС ВО РЕГИОНОТ: Дончиќ може да заигра за српски гигант?

„Не велам дека тоа ќе се случи, но мислам дека ако се појави можност кон крајот на неговата кариера, тој би бил среќен да одигра една сезона во Белград. Тој е голем навивач и следи сè што се случува во клубот“

Прегледи:

Датум:

Лука Дончиќ е сè уште далеку од крајот на својата кариера, но еден ден би можел да го облече дресот на Црвена Звезда. Словенечкиот репрезентативец Ален Омиќ, поранешен играч на белградскиот клуб, ја спомена таквата можност во интервју за Меридијан Спорт.

Омиќ, кој денес игра за турскиот Јукател Меркезефенди, го освои српското првенство со Звезда во 2018 година и беше MВП на финалето. Зборувајќи за Дончиќ, денес првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс и најдобар стрелец во НБА лигата со просек од 32,8 поени, тој го истакна неговиот натпреварувачки дух и карактер.

„Лука е неверојатен натпреварувач, секогаш сака да победува и бара нова можност ако изгуби. Игра со неверојатна леснотија“, рече Омиќ, потсетувајќи се на натпреварот против него додека Дончиќ го носеше дресот на Реал.

Тој додаде дека верува оти посветеноста на Дончиќ кон Црвена Звезда еден ден би можела да се претвори во конкретен трансфер.

„Не велам дека тоа ќе се случи, но мислам дека ако се појави можност кон крајот на неговата кариера, тој би бил среќен да одигра една сезона во Белград. Тој е голем навивач и следи сè што се случува во клубот“, заклучи Омиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...