Работнички ја прекина низата на негативни резултати, Ефремовски постигна 50 поени

КК Работнички вечерва забележа убедлива победа од 97:74 во салата „Лазар Лечиќ“ против Маџари во „МТЕЛ“ Супер лигата и со тоа ја прекина низата на негативни резултати во домашниот шампионат.

Прегледи:

Датум:

КК Работнички вечерва забележа убедлива победа од 97:74 во салата „Лазар Лечиќ“ против Маџари во „МТЕЛ“ Супер лигата и со тоа ја прекина низата на негативни резултати во домашниот шампионат.

Сепак веста на денот беше Виктор Ефремовски, кој имаше неверојатен учинок и постигна повеќе од половина од поените за својот тим.

Репрезентативниот бек-шутер реализираше 50.поени, погодувајќи девет тројки (од 17.обиди, или 52% на успех), имаше високи 6/8 во обидите за два поени, и скоро перфектни 11/12 од линијата за слободни фрлања.

На сето тоа, додаде и седум скока во записникот, две асистенции, три освоени и четири загубени топки.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...