Смилковски по убедливиот пораз од Борац: „Можеше да се види квалитетот, беа подобар противник“

ТФТ синоќа беше убедливо поразен на гостувањето кај Борац Чачак со 97-61 во првиот меч од баражот за влез во АБА-лига

Прегледи:

Датум:

ТФТ синоќа беше убедливо поразен на гостувањето кај Борац Чачак со 97-61 во првиот меч од баражот за влез во АБА-лига.

Тренерот на тимот од Тафталиџе, Боро Смилковски по мечот изјави дека изминатава сезона била како од соништата за нив но дека и големиот број на натпревари довело до исцрпување – психолошки, емоционално и физички.

Порача и дека синоќешната победа на Борац е „апсолутно заслужена“.

„Можеше да се види квалитетот на тимот, кој има одлична традиција. Тие беа подобар противник“, изјави тренерот на ТФТ и изрази задоволство од пристапот и енергијата на својот тим во првото полувреме.

Вториот натпревар се игра на 10 мај, а домаќин е македонскиот тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...