🎬Дончиќ во друштво на Мајкл Џордан

Прегледи:

Датум:

Феноменалниот Лука Дончиќ одигра уште еден спектакуларен натпревар во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 137-130 над Индијана, постигнувајќи 43 поени со седум асистенции и шест скока, но она што го прави неговиот настап посебен е континуитетот што ретко се гледа дури и во НБА.

Имено, Дончиќ стана првиот играч по Мајкл Џордан во 1986 година кој во просек постигнувал повеќе од 40 поени во текот на шест последователни гостувања. Поточно, Лука достигна импресивен просек од 40,7 поени во текот на таа серија, водејќи ги Лејкерс до настап од 5-1 на таа турнеја.

Оваа доминација не дојде случајно. Дончиќ веќе ја проби бариерата од 40 поени во 14 натпревари оваа сезона, додека ја продолжи својата серија од 30+ поени на 11 натпревари, изедначувајќи го сопствениот рекорд и настапот на Стеф Кари од сезоната 2020/21.

Со таков лидер, Лејкерс изгледаат како сериозен фактор на крајот од сезоната. Тимот од Лос Анџелес моментално има скор од 47-26 и го држи третото место на Западот, со дури 13 победи во последните 15 натпревари.

Кога на сето ова ќе се додаде фактот дека Дончиќ веќе е лидер во лигата по поени по натпревар, јасно е дека неговата кандидатура за МВП повеќе не е само тема, туку реалност која од ден на ден добива посилни аргументи, а во овој момент, прашањето повеќе не е дали игра на историско ниво, туку колку далеку може да ги однесе Лејкерси ако продолжи со истото темпо.

Резултатите од синоќа:

Детроит – Атланта, 129:130
Индијана – Лејкерс, 130:137
Филаделфија – Чикаго, 157:137
Бостон – Оклахома, 119:109
Кливленд – Мајами, 103:120
Мемфис – Сан Антонио, 98:123
Јута – Вашингтон, 110:133
Минесота – Хјустон, 110:108
Денвер – Далас, 142:135
Голден Стејт – Бруклин, 109:106
Портланд – Милвоки, 130:99
Клиперс – Торонто, 119:94

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нереални суми – колку заработуваат судиите на Светското првенство?

Светското првенство не е само најголемата сцена за фудбалерите...

Бекам ќе добие ѕвезда на Холивудската патека на славните

Дејвид Бекам, поранешната легенда на Манчестер Јунајтед и сегашен...

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...