Јерковиќ ќе биде задолжен за работата со голманите во ракометната репрезентација на Македонија

Ракометната федерација на Македонија соопшти за ангажманот на хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ, кој ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија

Прегледи:

Датум:

Ракометната федерација на Македонија соопшти за ангажманот на хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ, кој ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Јерковиќ зад себе има богато интернационално искуство, како и искуство во германската Бундеслига. Во изминатите две сезони беше тренер на голманите во Rhein-Neckar Löwen, а од сезоната 2026/27 својата кариера ја продолжува во HC Erlangen.

По повод приклучувањето кон стручниот штаб на македонската репрезентација, Јерковиќ изјави:

„Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет. Особено ме радува работата со нашите голмани, бидејќи сметам дека имаме одличен спој на искуство и младост. Верувам во нивниот потенцијал и сигурен сум дека со заедничка работа можеме да направиме голем исчекор и да оствариме добри резултати. Ќе дадам се од себе со моето искуство и знаење да ѝ помогнам на репрезентацијата и заедно да завршиме добра работа. Со нетрпение ги очекувам предизвиците што се пред нас и се што не очекува.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...