Официјално: Хрватски голман потпиша за Барселона

Хрватскиот интернационалец Доминик Ливаковиќ е новиот голман на Барселона, објави каталонскиот клуб. Ливаковиќ потпиша договор со Барселона до јуни 2030 година. Искусниот голман пристигнува во Шпанија од турски Фенербахче

Прегледи:

Датум:

Хрватскиот интернационалец Доминик Ливаковиќ е новиот голман на Барселона, објави каталонскиот клуб. Ливаковиќ потпиша договор со Барселона до јуни 2030 година. Искусниот голман пристигнува во Шпанија од турски Фенербахче.

Според медиумските извештаи, трансферот е вреден два милиони евра, со можност за исплата на дополнителни половина милион преку бонуси.

Доаѓањето на Ливаковиќ значително ќе ја зголеми конкуренцијата меѓу голманите во тимот предводен од Ханси Флик.

Планирано е Хрватот да ја преземе улогата на втор голман и да биде главна конкуренција за младиот Жоао Гарсија, додека Војчех Шчесни станува трета опција.

Ливаковиќ носи во Барса огромно искуство, стекнато преку 74 настапи за Фенербахче и дури 310 за Динамо Загреб, каде што доби целосна афирмација. Претходно играше за НК Загреб, а краток период помина во Жирона, како позајмен играч за Фенербахче.

Тој играл за сите јуниорски екипи на хрватската репрезентација, а со сениорската екипа го освои второто место на Светското првенство во Русија 2018 и третото на Светското првенство во Катар 2022.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Тие се фаворити!“ Кејн изненади со својот одговор пред ждрепката за Лигата на шампионите

Продолжението на европските судири се ближи, а ѕвездата на...

Шампион на НБА како помош за Дончиќ: Лејкерси пронајдоа замена за Куминга

Лос Анџелес Лејкерс не успеаја да го привлечат Џонатан...

ФФМ: ГФК Тиквеш 1930 казнет со 5.000 евра поради националистички скандирања

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки...

Конечна одлука на Атлетико Мадрид: Алварез не може да оди во Барселона

Атлетико Мадрид официјално потврди дека Хулијан Алварез нема да...