Ѓорческа со пресврт до победа на стартот од W75 ИТФ турнирот во Порторож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (46; 63 и 62) го почна настапот на ИТФ турнирот во Порторож што се игра за награден фонд од 60.000 долари

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (46; 63 и 62) го почна настапот на ИТФ турнирот во Порторож што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло со пресврт стигна до победата против Кајса Риналдо Персон од Шведска.

Првиот сет и припадна на противничката со 6:4 во гемови, а Ѓорческа го доби вториот сет со 6:3, откако ривалката поведе со 1:0, а македонската тенисерка направи серија од четири гема што и овозможи убава предност и се избори за решавачки сет. Во третиот сет Ѓорческа поведе со 4:0 во гемови и сетот го заврши со 6:2.

Мечот траеше 100 минути, а се играше и под рефлектори бидејќи поради лоши временски услови почетокот на мечевите доцнеше.

Противничка на Ѓорческа во второто коло ќе биде победничката од мечот Викторија Хрунцакова (Словачка) и Катарина Завацка (Украина).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...