Гаел Монфис планираше да игра на претстојниот Мастерс во Париз, во својата татковина, и таму да ја заврши кариерата. Затоа веста дека тоа нема да се случи дојде како изненадување, бидејќи Французинот веќе стави крај на кариерата!
Нема официјални информации за тоа што се случило, зошто се случил пресвртот. Само потврда дојде од Светската антидопинг агенција дека Монфис ја завршил кариерата.
Фактот дека потврдата дојде од антидопинг агенцијата не значи дека Монфис не поминал тест или нешто слично, туку затоа што самиот Французин побарал да биде ставен на списокот на пензионирани играчи. И, кога тенисерот е во пензија, тогаш повеќе не полага допинг тестови.
Монфис беше регистриран за турнирот во Лион, а потоа и за Мастерсот во Париз, меѓутоа, ќе остане запишано дека неговиот последен натпревар во кариерата беше во второто коло на Отвореното првенство на САД, каде што загуби од Лернер Тиен.
Францускиот ас ја заврши кариерата со 13 титули, 35 одиграни финалиња и најдобар ранг од шесто место на АТП лисата.


