Раде Цицмиловиќ е назначен за шеф на стручниот штаб на ФК Беласица, соопштија денеска од клубот. Тој е поранешен тренер на Беласица, Тиквеш и Воска.
Цицмиловиќ беше на чело на Беласица во три наврати. Прв пат ја презема Беласица во летото 2016 година кога Беласица се натпреварува во Третата македонска лига – исток. Во есенскиот дел, тимот на Беласица забележува 13 победи и 1 пораз од Плачковица и станува есенски шампион. Во декември 2016 година, тој си заминува од Беласица.
Во август 2017 година, Цицмиловиќ повтоно се враќа во Беласица и ја предводи во Втората македонска лига – исток, во сезоната, 2017/18. Екипата на Беласица со него на чело забележува 18 победи, 5 нерешени и 2 порази, што беше доволно Беласица да стане шампион и да влезе во Прва лига.
Летото 2018 година си заминува но само во есенскиот дел. Во јануари 2019 година се враќа на тренерската клупа, кога тимот се наоѓаше во зоната за испаѓање. Тренерот ја предводи екипата во пролетниот дел во Првата лига, прво сам, а потоа и со Ѓоко Хаџиевски. Тој и Хаџиевски го предводат тимот се до средината на април 2019 година, кога се сменети и на нивно место доаѓа Александар Стојанов.
Цицмиловиќ во ноември 2019 година, го презема второлигашот Тиквеш и останува на чело на кавадаречкиот клуб се до ноември 2020 година. Следен негов ангажман е во јули 2021 година, кога е назначен за тренер на Воска од Охрид, која тогаш е нов второлигаш. Со оваа екипа се изборува да игра бараж за влез во Прва лига, во мај 2022 година, против својата довчерашна екипа, Тиквеш, на теренот на Беласица во Струмица, стои во соопштението на тимот, кој му посака добредојде на Цицимовиќ.


