Синнер го откажa учеството на Отвореното првенство на САД: Многу сум тажен и разочаран

Италијанскиот тенисер Јаник Синнер беше принуден да го откаже учеството на Отвореното првенство на САД, кое се одржува од 30 август до 13 септември.

Прегледи:

Датум:

Италијанскиот тенисер Јаник Синнер беше принуден да го откаже учеството на Отвореното првенство на САД, кое се одржува од 30 август до 13 септември.

Светскиот број еден се огласи на социјалните мрежи за да објави дека ќе го пропушти последниот Гренд слем во сезоната поради проблем со десното колено.

„Иако напорно работев со тимот и медицинскиот персонал, моравме да донесеме тешка одлука – нема да можам да учествувам на Отвореното првенство на САД оваа година. Во последните неколку дена повторно тренирав на терените во Монте Карло и сфативме дека сè уште ми треба повеќе време да се опоравам од проблемот со десното колено. Многу сум тажен и разочаран, бидејќи Њујорк има посебно место во моето срце. Со нетрпение очекував да се вратам и да играм во наелектризираната атмосфера пред одлични фанови“, напиша Синер на Инстаграм.

Тажни вести за сите фанови на Јаник Синер, кои нема да го гледаат на терените во Њујорк.

Сепак, љубителите на тенисот имаат и причина за оптимизам, бидејќи Карлос Алкараз вчера објави дека планира враќање на Отвореното првенство на САД.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МЗТ Скопје ја запиша втората победа во првенството

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром запиша втора победа во...

Тотенхем стигна до бод во дербито со Манчестер со гол во продолжението и играч помалку

Манчестер Јунајтед и Тотенхем одиграа 1-1 во натпревар од...

Барса даде „само“ три гола против Хетафе и израмни рекорд

Барселона ја забележа осмата победа од почетокот на Ла...

🎥Нема казна за Норис по судирот со Пјастри во спринтот

Светскиот шампион Ландо Норис се спаси од казна за...