Мерцедес ја повлече жалбата за резултатите од трката во Монако

Мерцедес ја повлече својата жалба против резултатите од Големата награда на Монако во Формула 1, објавуваат британските медиуми.

Прегледи:

Датум:

Мерцедес ја повлече својата жалба против резултатите од Големата награда на Монако во Формула 1, објавуваат британските медиуми.

Порано оваа недела, поднесе барање до Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за преиспитување откако управното тело на натпреварувањето ја поништи казната од 10 секунди што му беше изречена на возачот на Алпин, Пјер Гасли, за пребрзо возење во боксот.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше меѓу оние што го сторија прекршокот, поради што Британецот падна од третото на 12-то место во конечниот пласман.

За време на сослушувањето побарано од тимот на Алпин, стјуардите открија грешка во мерењето на ограничувањето на брзината во боксот, бидејќи беше користено поголемо растојание.

Жалби поднесоа и Мекларен и Ред Бул и тие процеси се уште се во тек.

Сослушувањето на Мерцедес требаше да се одржи на 20 јуни, но тимот одлучи да не продолжи со случајот. Според правилата на Формула 1, Мерцедес можеше да бара преиспитување само на казната од пет секунди што всушност не ја одслужи, без оглед на тоа дали е погрешно изречена.

Мерцедес ја разгледа ситуацијата и одлучи да ја повлече својата жалба.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 28 јуни со Големата награда на Австрија во Шпилберг.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Маркез ќе мора да почека за титулата: Бецеки ја освои трката во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои денешната трка...

🎥 Алкараз го победи Шелтон и првпат го освои Мастерсот во Париз

Карлос Алкараз го освои Мастерс турнирот во Париз откако...

Македонија потфрли во Халкида, Грција ја казни лошата игра на избраниците на Лазаров

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите...