🎬 Нова драма во Ферари, Хамилтон полуде поради Леклер: „Кажете му да оде*е“

Гран При трката во Лас Вегас донесе уште еден разочарувачки настап за Ферари. Шарл Леклер и Луис Хамилтон се судрија за време на трката што ја освои Макс Верстапен, а инцидентот дополнително го искомплицира веќе лошиот викенд за италијанскиот тим

Прегледи:

Датум:

Гран При трката во Лас Вегас донесе уште еден разочарувачки настап за Ферари. Шарл Леклер и Луис Хамилтон се судрија за време на трката што ја освои Макс Верстапен, а инцидентот дополнително го искомплицира веќе лошиот викенд за италијанскиот тим.

Судирот се случи на 38-от од 50-те круга, кога Леклер се обиде да го престигне својот тимски колега. Хамилтон претходно го нападна Оскар Пјастри во Мекларен, но не можеше да го заврши престигнувањето. Леклер се обиде да ја искористи можноста и да го престигне одвнатре во седмата и осмата кривина, но во тој процес го удрил автомобилот на Хамилтон.

Седумкратниот светски шампион се изврте на патеката по контактот и изгуби неколку позиции, што предизвика да падне на десеттото место. Судиите ја препишаа одговорноста за инцидентот на Леклер и го казнија со десет секунди.

Хамилтон преку радио побара од тимот да го предупредат Леклер. „Можете ли да му кажете да оде*е?“ „Се обидувам да ги стигнам овие момци напред“, му рече тој на својот инженер.

Леклер не беше задоволен од однесувањето на Британецот.

„Мора да биде внимателен со затворањето на просторот, бидејќи ова нема да заврши добро“, рече Монеганецот.

Хамилтон успеа да се искачи до седмото место до крајот на трката, додека Леклер заврши десетти. Британецот, исто така, заработи казна од десет секунди за време на трката затоа што излезе надвор од патеката додека го престигнуваше Ландо Норис.

Ферари имаше проблеми дури и пред самата трка. Двајцата возачи беа елиминирани во вториот дел од квалификациите, при што Леклер го освои 11-тото, а Хамилтон 12-тото место. Благодарение на казната на Оскар Пјастри, двајцата напредуваа за една позиција на стартот.

По квалификациите, Леклер не го криеше своето незадоволство од работата на тимот, особено поради грешките во подготовката на последниот брз круг. Тој, исто така, истакна дека Ферари губи околу една секунда од своите конкуренти на правците.

Хамилтон, од друга страна, се пожали на оштетување на подот на болидот и проблеми со електричниот систем. Судирот меѓу двајцата тимски колеги само заокружи уште еден фрустрирачки викенд за Ферари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Драма по големото финале: Капитенот на Бока Јуниорс се струполи за време на интервју во живо

Бока Јуниорс го освои Копа Судамерикана, второто најголемо клупско...

🎥 Вембањама продолжува да руши рекорди: Ова не е видено повеќе од 50 години

Виктор Вембањама продолжува да го воодушевува кошаркарскиот свет. Францускиот...

Верстапен победи во хаотична трка во Лас Вегас

Макс Верстапен е победник на Големата награда на Лас...

Класика: Зверев и Алкараз во финалето на завршниот Мастерс во Торино

Светскиот рекет број еден, Александар Зверев, го победи Даниил...