Легендарниот НФЛ играч Том Брејди би можел да стане еден од сопствениците на Челси, откако започна преговори за купување малцински удел во лондонскиот клуб.
Седумкратниот освојувач на Супербоул неодамна го продаде својот дел од сопственоста во Бирмингем, со што го заврши своето тригодишно партнерство со клубот. Американецот е во добри односи со Бехдад Егбали, чиј инвестициски фонд контролира 86,5 проценти од „сините“.
Брејди беше гостин на Челси на финалето на Светското клупско првенство во Њу Џерси минатата година, кога „сините“ го победија Пари Сен Жермен со 3-0. По натпреварот, со играчите го прослави освојувањето на трофејот.
Брејди поседува и малцински удел во НФЛ франшизата Лас Вегас Рејдерс.


