Поранешниот шампион на UFC, Хабиб Нурмагомедов, одби да се врати во мешаните боречки вештини (MMA) дури и за 200 милиони долари. Понудата ја дал ко-основачот на MVP Promotions, Џејк Пол.
За време на разговорот меѓу двајцата, Пол директно го прашал Нурмагомедов дали би се согласил повторно да влезе во кафезот за импресивната сума.
„Кога ќе се вратите? За 200 милиони долари?“, прашал Џејк Пол.
Одговорот на поранешниот шампион бил цврст. Нурмагомедов рекол дека не гледа причина да ја продолжи својата натпреварувачка кариера, бидејќи веќе постигнал сè во спортот.
„Зошто би се вратил? Имам многу момци кои се меѓу најдобрите во светот. Немам што да докажувам. Нема соодветен противник, има само пари“, одговори Хабиб.
И покрај одбивањето, Џејк Пол продолжи да го убедува Нурмагомедов, нагласувајќи дека неговото евентуално враќање би имало многу поголемо значење од финансиската награда.
„Не станува збор само за пари. Благодарение на спојувањето помеѓу MVP и PFL, го менуваме светот на MMA на подобро. Им даваме можност на борците да живеат подобро. Не знам какви се условите на вашиот договор со UFC, но ако се борите за нас, тоа би можело радикално да го промени целиот спорт“, рече Пол.
Компанијата за промоција на Џејк Пол (MVP) и организацијата PFL се споија во јули 2026 година.
На чело на организацијата се Пол и неговиот деловен партнер Накиса Бидарјан.


