Новиот светски шампион во Формула 1, Андреа Кими Антонели, го одржа своето ветување на почетокот на сезоната и ја обои косата во боите на италијанската тробојка.
Италијанецот се појави со својата нова фризура во базата на Мерцедес во Бракли, каде што „Сребрените стрели“ денес ја прославија својата двојна шампионска титула.
Откако Антонели ја обезбеди титулата кај возачите во Мексико, Мерцедес ја обезбеди и круната кај конструкторите во Бразил минатиот викенд.
Kimi did it. He actually did it 🇮🇹 🤣 https://t.co/QjG4NXI2iQ
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) November 11, 2026


