🎥 Поради државата, одбил милиони долари за борба со Тајсон, а сега бара храна во контејнер

„Шампионе, што се случува? Савон, што правиш, пријателе мој?“, а поранешниот боксер одговара: „Собирам храна, нешто за јадење“

Прегледи:

Датум:

На социјалните мрежи се појави видео во кое Феликс Савон, трикратен олимписки шампион во бокс, пребарува контејнер и вели дека собира храна.

Видеото го сподели кубанскиот професионален боксер Густаво Трухиљо, а каде и кога е снимено засега не е познато.

Човекот што го снима од автомобил го прашува:

„Шампионе, што се случува? Савон, што правиш, пријателе мој?“, а поранешниот боксер одговара: „Собирам храна, нешто за јадење“.

Според порталот „Cuba Noticias 360“, откако снимката стана вирална, кубанскиот комичар Лимај Бланко му предал на Савон пакет со храна и Библија, испратени од неговата црква, Cristo Cambia Vidas.

„Што и да направило лицето, помогнете му и продолжете понатаму“, рече Бланко.

Савон е едно од најголемите имиња во историјата на аматерскиот бокс. Кубанскиот тешкаш освои три последователни златни олимписки медали, во Барселона во 1992 година, Атланта во 1996 година и Сиднеј во 2000 година, подвиг што го постигнаа само Теофило Стивенсон и Ласло Пап.

Покрај неговите олимписки злата, тој освои шест светски титули, четири злата на Светските првенства, три Панамерикански игри и четири Централноамерикански и Карипски игри. Тој никогаш не стана професионалец и одби понуди вредни милиони за борба против Мајк Тајсон бидејќи професионалниот бокс беше забранет во Куба.

Името на Савон е поврзано и со сериозни обвинувања во последниве години. Во 2018 година, кубанскиот независен новинар Абрахам Хименез Еноа објави во списанието „Гатопардо“ дека Савон е во притвор, обвинет за сексуална злоупотреба на малолетник откако семејството на 12-годишно момче го пријавило. Кубанските власти никогаш официјално не објавија детали за обвинението, судењето или пресудата.

„CubaNet“ објави во јануари 2025 година, повикувајќи се на неименувани извори, дека Савон бил условно ослободен кон крајот на 2024 година по отслужување шест години затвор. Не е познато врз основа на што му е одобрен условен отпуст, ниту каква е неговата моментална ситуација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ходар брка рекорд на Борис Бекер!

Рафа Ходар се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот...

Крај: Монфис ја заврши кариерата

Гаел Монфис планираше да игра на претстојниот Мастерс во...

Цицмиловиќ назначен за шеф на стручниот штаб на ФК Беласица

Раде Цицмиловиќ е назначен за шеф на стручниот штаб...

Нокаут фазата „невозможна мисија“ за Пелистер и Червар

Гумерсбах лесно го победи Еурофарм Пелистер со 38:28 во...