Нокаут фазата „невозможна мисија“ за Пелистер и Червар

Гумерсбах лесно го победи Еурофарм Пелистер со 38:28 во третото коло од ЕХФ Лигата на Европа синоќа

Прегледи:

Датум:

Гумерсбах лесно го победи Еурофарм Пелистер со 38:28 во третото коло од ЕХФ Лигата на Европа синоќа. Бековската тројка Рогановиќ – Шлуроф – Душебаев беше целосно фокусирана во „решетањето“ на македонските вицешампиони кои беа рамноправни само во првиот период од натпреварот.

Играта 7 на 6 на Еурофарм Пелистер од првата минута не даде соодветен резултат, а домашниот тим ја зголеми својата предност и ја оствари првата домашна победа откако загуби од Вибрже во првото коло.

Алекс Душебаев имаше девет гола, додека Филип Кузмановски со седум не придонесе за подобар резултат.

Пелистер и Лино Червар сега се соочува со невозможна мисија – три победи во преостанатите три натпревари за да обезбеди место во нокаут фазата.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Крај: Монфис ја заврши кариерата

Гаел Монфис планираше да игра на претстојниот Мастерс во...

Цицмиловиќ назначен за шеф на стручниот штаб на ФК Беласица

Раде Цицмиловиќ е назначен за шеф на стручниот штаб...

🎥 Поради државата, одбил милиони долари за борба со Тајсон, а сега бара храна во контејнер

На социјалните мрежи се појави видео во кое Феликс...

Мадридска „Марка“ ја изнафали Барселона по вчерашниот триумф во Истанбул

Актуелниот шпански шампион, Барселона, игра феноменално на почетокот од...